„Само резултатот ја покажува разликата меѓу нас“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Наполи се поразени синоќа на гостувањето кај Реал Мадрид со 3:1 во рамките на првиот меч од осмина финалето на Лигата на шампионите.

Стрелец на единствениот гол за гостинската екипа беше Лоренцо Исиње кој на многу лукав начин во 8 минута го матираше Кејлор Навас.

Исиње после мечот порача дека само резултатот покажа разлика меѓу екипите, но дека на теренот се виде дека Наполи може да се носи со Реал.

„Мислам дека направивме многу добра работа бидејќи, како што сите знаеме, Реал Мадрид е шампион на Европа и светот и моментално се лидери во Примера. Штета е поради резултатот, но постои уште еден меч и ние ќе се бориме до крај. Мислам дека само резултатот покажа разлика меѓу екипите вечерва. Покажавме дека можеме да играме, направивме неколку грешки, но тоа ќе ни даде мотив во иднина да веруваме во нас“, рече Исиње.

Да потсетиме дека реваншот се игра на 7 март на Сан Паоло стадионот.