„Само сакам да си одам од Сити,не е важно како и во кој клуб“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Сити Нолито изјави дека што порано сака да го напушти клубот.

Шпанскиот фудбалер во Сити не помина ни година дена,а веќе му е доста од се.

„Сакам да си одам,било како. Без разлика дали тоа ке биде замена или трансфер,тоа мене не ми е важно. Знам дека ме сака Атлетико,и уште некои клубови,но тоа нека го средат моите представници“

Овој 30 годишен офанзивец имаше солидна игра во првиот дел на сезоната,но во 2017 година скоро како да не играше.

„До декември играв и тогаш бев среќен,но последните месеци не играв воопшто,така да ќе морам да го прашам Гвардиола зашто е тоа така“

Нолито пристигна во Сити предходното лето за 15 милиони евра,и на неговите 30 натпревари постигна само 6 погодоци.