„Само три клуба можат да ја освојат Лигата на шампионите два пати по ред“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После долго време, Жозе Мурињо нема да води некој тим во Лигата на шампионите, но искуството кое португалскиот стручнак го има во ваквото натпреварување е непроценливо.

Два пати ја освои титулата, со Порто и Интер, и уште безброј пати стигна до полуфиналето.

Мурињо смета дека не е невозможно за еден клуб да ја освои титулата шампион на Европа два пати по ред, но на тој список има само три имиња.

Дали освојувањето на ЛШ две години во низа ќе биде најголемо достигнување во модерниот фудбал?

„Не. Се може да се случи по природен пат. Посебно сега, кога некои клубови доминираат и на економски и на структурно ниво. Нема да ме изненади ако Реал, Барселона или Баерн ја освојат ЛШ два пати по ред“.

Каков квалитет тренерот мора да поседува за да ја освои ЛШ?

„Постојат многу начини да стигнеме до трофејот. Со Порто тоа ми успеа, со Реал на пример не. Некогаш тоа го викам “натпреварувачки детали“.

„Детали прават разлика. Два пати испаднав во полуфиналето после пенали.

Со Порто ја освоив така што постигнавме гол во последната минуа на Олд Трафорд.

Со Интер речиси да испаднев од групата. Дадовме гол на Динамо од Киев во 89 минута. Да не беше тој гол, немаше да ја поминеме групата. Вака отидовме понатака и го освоивме натпреварувањето. Деталите секогаш мора да бидат на ваша страна“, истакна Мурињо.