Сантос откри колку Интер го плати Габигол


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Габриел Барбоса својата кариера ја продолжи во дресот на Интер.

Голема прашина се дигна во последниот ден околу трансферот на овој фудбалер кој во Интер стигна од Сантос.

Барселона се одлучи да го тужи бразилскиот клуб бидејќи имаа договор за Габигол да заврши во каталонската екипа.

Сепак, Сантос се одлучи да ја прифати понудата од Интер, па Габигол кариерата ја продолжува во Серија А.

Бразилскиот клуб денеска објави дека Интер за овој играч плати 29.5 милиони евра, и дека не е нивна работа што овој играч не го продале на Барселона.

Од Сантос порачаа дека на време го известитиле каталонскиот клуб дека добиле понуда од Интер, и дека ќе ја прифатат.

После што трансферот заврши Барселона изјави дека ќе го тужи Сантос бидејќи ги прекрши правилата на ФИФА.