Санчез во Тотнем до 2024. година!


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Тотнем соопшти дека колумбискиот фудбалер Дејвинсон Санчез потпишал нов договор.

Дефанзивецот настапува од минатото лето во екипата од Лондон, кога за 40 милиони евра стигна од Ајакс.

„Мило ни е што можеме да соопштиме дека Дејвинсон Санчез потпиша нов договор со клубот до 2024. година“, соопштија од екипата.

Санчез се најде на списокот на колумбиската фудбалска репрезентација за Светското првенство во Русија.