Санчез си ги спакува куферите: Чилеанецот се сели во Ла Лига!?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Алексис Санчез, би можел да се врати во Шпанија, зашто интерес за него покажаа Атлетико Мадрид и Валенсија.

Санчез е во втор план кај Јунајтед и по промените на тренерот, односно пристигнувањето на Оле Гунар Солскјер на местото на Жозе Мурињо.

Се шпекулира дека Јунајтед не би барал многу пари од шпанските екипи, зашто не вложиле пари при трансферот на Санчез, но проблем е платата од 15 милиони евра.

Чилеанскиот напаѓач во Шпанија играше три години за Барселона, а потоа пристигна во Арсенал, каде што настапуваше фантастично, додека во Јунајтед целосно разочара.