Санчес заминува од Свонси, но останува во Премиер Лигата


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Ренато Санчес важеше за еден од најталентираните светски фудбалери кога од Бенфика се пресели во Баерн Минхен пред две сезони.

Првата година меѓу Баварците не беше најдобра за младиот Португалец, па заедно со управата на Баерн одлучија следната година да ја помине на позајмица во Свонси.

Сепак и таму Санчес не се покажа во најдобро светло и почесто беше мета на критики и потсмев отколку на воодушевување поради неговите потези.

Од Баерн планираат да го продадат, а интерес за него има од тимот на  Вулверхемптон кој се врати во Премиер лигата.  Жорге Мендеш веќе го договорил трансферот кој најпрво ќе биде како позајмица со право на откуп следната сезона.