Санчо го победи Жуниор во изборот за најдобар млад фудбалер (ФОТО)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо ја освои наградата за најдобар млад фудбалер, според изборот на англиски „Гол“.

Санчо има одлична сезона зад себе и со своите одлични партии, кои ги играше во дресот на Борусија Дортмунд, заслужи повик во сениорската репрезентација на Англија на само 18 години.

Жуниор, исто така, требаше да настапи за репрезентацијата на Бразил, откако селекторот го повика за пријателските натпревари против Панама и Чешка, но фудбалерот на Реал Мадрид беше присилен да го одбие повикот поради повреда.

Фудбалерот на Реал Мадрид сигурно ќе добие шанса во репрезентацијата со оглед на одличните настапи за „кралевите“.

Санчо неодамна стана најмлад фудбалер во историјата на Бундеслигата, во која постигна осум голови.

Тој го наследи Џастин Клајверт и Џанлуиџи Буфон, кои ги освоија наградите во 2018 и 2017 година, а сезонава третото место беше резервуирано за Калум Хадсон-Одои.