Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиски „Сан“ пишува дека за фудбалерот на Тотнем, Кјеран Трипие е заинтересиран Реал Мадрид.
„Кралевите“ планираат да испратат „бомба“ од 50 милиони фунти за 27-годишниот десен бек, но не е познато дали англискиот гигант е подготвен да го продаде својот дефанзивец.
Играчот го потврди интересот на „кралскиот клуб“, но не сакаше да дава дополнителни коментари за целата ситуација.
Информација е чудна бидејќи Реал веќе го купи Одриозола од Реал Сосиедад за 40 милиони евра, а Дани Карвахал остана и ќе биде стандарден член на првиот тим и во наредната сезона.
Трипие директно учествуваше во неколку голови на Англија на Светското првенство, а еден од најубавите е тој против Хрватска од слободен удар.