Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Сао Паоло, Аугусто Барос истакна дека ќе стори се што може за да го врати Кака во клубот.
Кака ја започна својата богата кариера во Сао Паоло, а вчера го имаше својот последен натпревар за тимот на Орландо Сити.
Се уште не е познато дали Бразилецот ќе се пензионира, но Барос истакна дека играчот секогаш ќе биде добредојден во клубот.
„Засега нема ништо, но возможен е негов трансфер. Тој е играч кој направил многу за историјата на Сао Паоло, и ако тој сака да дојде, ние ќе сториме се што е неопходно договорот да се материјализира“- коментираше Аугусто Барос.