Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси игра многу добро сезонава, па Маурицио Сари одлично го предводи тимот, но тренерот сака нови засилувања во јануари, а едно од нив треба да биде во нападот.
Напаѓачите Алваро Мората и Оливие Жиру не се покажаа најдобри, па постигнаа само три погодоци заедно, па поради тоа „сините“ мора да најдат квалитетен напаѓач.
Челси го сака најдобриот играч и капитен на Интер, Мауро Икарди, но покажуваат интерес и за Криштоф Пјатек, соиграчот на нашиот Горан Пандев од Џенова.
Гигантот од Лондон ќе има тешка мисија да го ангажира Аргентинецот поради неговата откупна цена, која се проценува на 110 милиони евра.
Сепак, не е познат следниот потег на сопственикот на Челси, Роман Абрамович, кој дефинитивно нема да штеди пари.