Сари: Не можам да ги мотивирам моите играчи, но не ни треба план Б


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По катастрофата против Борнмут, менаџерот на Челси, Маурисио Сари истакна дека на крајот играчите сепак ќе ја прифатат неговата идеја и ќе почнат да го играат стилот на фудбал кој го негува италијанскиот стратег.

Сари посочи дека не може да ги мотивира играчите, но тврди дека се уште не му е потребен план Б.

„Не ги нападнав играчите, разговарав со нив затоа што ми е потребно да разберам што се случува. Реков дека не можам да ги мотивирам. Постои ментален проблем. Сигурно нешто работиме лошо, и затоа сакаме тоа да се промени“ –заклучи Сари, а потоа беше запрашанд али му е потребен план Б за да го извади клубот од калта.

„Зошто? Сакам да го спроведеме планот А. Сакам да го поправиме тоа што не чини, играчите да ја спроведат мојата замисла. Ако тогаш не оди, ќе менуваме нешто. Веќе 10 години сте знаат како игра Барселона затоа што тој клуб гради свој стил. Сакам и мојот стил да биде препознатлив“ –заврши Сари.