Сари се „запали“ по „новиот Пирло“: Челси во трка за потписот на талентираниот Италијанец!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на Бреша, Андреа Тонали, има само 18 години, а веќе доби повик во сениорската репрезентација на италија под водство на Роберто Манчини.

Во досегашниот дел од сезоната, талентираниот фудбалер одигра десет натпревари за својот тим и запиша три асистенции, а тоа го забележаа Јувентус, Наполи, Интер, Милан…

Во пол-позиција за неговиот потпис наводно е Јувентус, кој би го откупил за 20 милиони евра и потоа би го испратил на позајмица.

Меѓутоа, за него заинтересиран е и Маурицио Сари, односно Челси, кој ќе се обиде да ги победи италијанските екипи во трката за неговиот потпис.

Сигурно уште во јануари ќе се води голема битка за неговите услуги, па останува да видиме кој ќе успее да го купи.