Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Челси, Маурицио Сари се наоѓа во незавидна ситуација, откако најверојатно нема да добие нов напаѓач месецов и покрај тоа што управата ја знае неговата желба.
Во претходните недели со клубот од Лондон се поврзуваше напаѓачот на Милан, Гонзало Игуаин, кој соработуваше со Сари во Наполи.
„Го имаме Мората и нема да купиме нов напаѓач, без разлика што имаме проблем со голови. Клубот го знае моето мислење, но маркетот не зависи од мене. На пример, до вчера јас не знаев ништо за Пулишиќ. Управата ме праша за мислење и јас одговорив позитивно, но не сум одговорен за маркетот“, кажа Сари.
Челси го обезбеди потписот на Кристијан Пулишиќ од Борусија Дортмунд за 64 милиони, но наводно управата се плаши дека би можела да добие забрана за трансфери, поради нерегуларности при ангажирање на млади странски фудбалери.
Останува да видиме што ќе се случи со Челси и дали ќе добие казна, но едно е сигурно, а тоа дека Сари нема да го добие Игуаин.