Сари: Титулата ја загубивме во хотелот!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тренерот на Наполи, Маурицио Сари смета дека неговиот тим остнаал без титула во хотелот.

Необична изјава на Сари, откако Јувентус ја осигура седмата титула по ред во Серија А.

Сари наместо да спијат играчите, ги собрал во ресторан да го гледаат дуелот меѓу Интер и Јувентус. Иако водеше Интер со 2-1, на крајот „старата дама“ победи, а Наполи доживеал шок.

„Јасно е дека Јуве е посилен во секоја смисла, но таа вечер требаше да одиме порано да спиеме. Тимот имаше психолошки удар поради начинот на кој Јуве направи пресврт во мечот“, вели Сари.