Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот тренер Маурицио Сари при пристигнувањето во Челси го донесе и Жоржињо со себе, а сега сака уште еден свој поранешен ученик.
Станува збор за фудбалерот на Наполи, Елсаид Хисај, кој има договор до 2021 година, но најверојатно нема да му биде продолжен, зашто Албанецот сака зголемување на платата од 1,6 милиони евра на три милиони.
Поранешниот тренер на Наполи, Сари веќе се обиде да го ангажира Хисај во Челси во текот на летото, но не успеа, па сега би можел да тргне во нова акција.
Италијанскиот стратег го означил Албанецот како еден од своите приоритети, а да потсетиме, Хисај во Наполи стигна од Емполи во 2015 година за пет милиони евра.