Сари ќе прави ремонт: Челси ќе продаде два фудбалери во јануари!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челси настапува фантастично под водство на новиот тренер Маурицио Сари, кој го вметна неговиот стил на игра во англискиот гигант.

Сари внесе многу промени во играта на клубот од „Стемфорд бриџ“, па некои фудбалери не добиваат премногу шанса за настап.

Италијанецот јасно откри дека Дени Дринквотер и Виктор Мозес се фудбалери кои едноставно не се вклопуваат во неговиот стил на игра.

Тоа најверојатно значи дека Челси ќе ги продаде двата фудбалери во јануари или евентуално наредното лето.

„Едноставно нема каде да играат Дринквотер и Мозес бидејќи имаме премногу добри фудбалери на тие позиции. Не знам дали имаат иднина во нашиот клуб“, кажа Сари.