Себастијан Џовинко се договори со Ал-Хилал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот фудбалер Себастиан Џовинко веќе неколку сезони игра во американската МЛС каде со доста успех настапува за Торонто.

Тој е еден од најдобрите фудбалери во МЛС и со своите игри во Торонто многумина остава без текст. Во претходните преодни рокови многу европски клубови беа заинтересирани за поранешниот играч на Јувентус, но тој одбиваше враќање во Европа.

Меѓутоа, се чини дека дојде време Џовинко да го напушти Торонто, а сигурно многумина ќе бидат изненадени од неговата одлука. Имено, овој 32 годишен фудбалер одлучи кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија и тоа во дресот на Ал-Хилал. Наводно, договор е постигнат и потребо е само официјално да се потврди трансферот.

Џовинко дојде во Торонто во 2015. година од Јуве и на 142 натпревари за овој клуб постигна 83 погодоци и запиша 51 асистенција. Пред две години со Торонто стана првак во МЛС лигата. Со овој клуб тој имаше договор уште една година и не е познато колку пари ќе заработи неговиот клуб од овој трансфер.