Севилја имаше 2-0 до самиот финиш, но Суарез и Меси ја спасија Барселона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако успеаа да го победат и елиминираат Манчестер јунајтед од ЛШ, имаа шанса против Барселона да стигнат до втора голема победа во краток период.

Во девета минута Барселона имаше своја шанса, но Суарез не ја искористи. Во 36. минута Севилја го казни тоа и Васкез ја смести топката во голот на Тер Штеген.

Барселона без Меси беше во големи проблеми, а Муриел ги шокираше со својот гол за 2-0. Во продолжение Севилја имаше шанса за 3-0, но Пике спаси од самата гол линиија.

Барселона до гол стигна во 88. минута по прекин, а Суарез успеа да реализира. Само минута подоцна, Меси успеа да го израмни резултатот и да ја спаси Барселона од пораз.