Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Севиља и Легањес ремизираа на Рамон Санчез Пискуан во натпревар од 27-то коло во Ла Лига, 1:1.
Само после три минути шок за навивачите на андалузискиот клуб. Габриел со пета постигна фантастичен погодок за водство на Легањес.
Пред крајот на првото полувреме голманот на Легањес го одбрани ударот на Јоветиќ, но топката се одби до црногорецот кој го израмни резултатот, 1:1.
Во второто полувреме мрежите мируваа, а двата клуба ги поделија бодовите, 1:1.
Севиља после ова реми ќе остане на третата позиција на табелата во Ла Лига со два бода помалку од Реал Мадрид кој е втор и има два натпревари помалку од андалужаните и три бода помалку од лидерот Барселона која го нема одиграно натпреварот од 27-то коло.