Севиља се засилува во Јужна Америка!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата од Андалузија е многу близу до договор со Валтер Монтоја од Росаиро Сентрала.

Овој крилен фудбалер наскоро треба да потпише договор на четири ипол години.

Потенцијален проблем би можело да биде тоа што Монтоја нема државјанство на некоја од земјите кои се во ЕУ, а Севиља веќе ги има пополнете 2те нон-еу места во тимот, па со оглед на тоа доаѓањето во Севиља би можело да се одложи.

„Доаѓам во голем клуб. Сампаоли ме убеди, нему треба сите да му се заблагодаруваат. Ќе морам да почекам уште некој ден за да видам дали сега ќе ги пакувам куферите или ќе чекам во јуни“ – изјави Монтоја