Сезона од соништата за Месут Озил


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Месут Озил ја игра најдобрата сезона во кариерата, а неговата статистика е навистина импресивна.

Во споредба со претходната кога Озил на 45 натпревари постигна осум гола, оваа на 20 натпревари го надмина тоа остварување, бидејќи постигна гол повеќе, односно девет.

Покрај тоа, неговата статистика во Премиер лигата од доаѓаето во Арсенал е навистина импресивна, на 97 натпревари, постигна 20 гола, забележи 35 асистенции и направи дури 326 шанси за гол на своите соиграчи, што е повеќе од три во просек на еден натпревар.

Доколку вака продолжи, во тандем со Алексис Санчез и препородениот Волкот, Арсенал може да се надева на долгоочекуваната титула.