Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Познатиот шведски фудбалер Хенрик Ларсон го напушти Хелсингборг.
Откако тие по 23 години испаднаа од првата шведска лига, поранешниот играч на Селтик, Барселона и Јунајтед одлучи од морални причини да поднесе оставка.
„По поразот од Халмстад и состанокот со управата, одлучив да си заминам. Им посакувам среќа на играчите и тимот.“
Ларсон се откажа од сите свои примања кои требаше да ги добие по раскинувањето на договорот за да му помогне на клубот да биде во што е можно подобра ситуација.