„Секој ден учам нешто ново од овие шампиони“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус вчера на домашен терен ја победија Аталанта со 3:1 во 15-то коло.

Јувентус одигра одличен натпревар по поразот од Џенова, а Пјаниќ беше еден од најдобрите, откако направи 2 асистенции на натпреварот.

„Ова е добар одговор на поразот. Започнавме со јасна цел и го дадовме својот максимум. Не  елесно да се вратите психички по пораз од кој многу научивме. Сите не критикуваа, но ние останавме мирни и знаевме дека тоа не треба да се повтори.“

„Овој Јувентус не покажа сеуште што може и знам дека можеме многу повеќе. Среќен сум тука затоа што секој ден учам нешто ново од овие шампиони. Го давам својот максимум да се прилагодам подобро во тимот и само прашање на време е кога ќе се случи тоа.“