Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Снукер натпреварувачите Марк Селби и Рони О`Саливан експресно стигнаа до ¼-финалето во Англија.
Рони О`Саливан низ првите две кола помина без изгубен фрејм, односно ги победи противниците со 6:0 и 6:1.
Младиот англиски играч со потекло од Кипар, Георгиу го освои првиот фрејм со одлична игра, но тоа беше се. Потоа О`Саливан освои 6 фрејмови во серија и докажа дека се наоѓа во одлична форма.
Единствен кој би можел да му направи проблеми на О`Саливан е светскиот број еден, Марк Селби. Тој со 6:1 го победи Роберто Милкинс. Единствена разлика помеѓу овие 2 натпревари е тоа што натпреварот Селби-Милкинс траеше малку повеќе.
Рони О`Саливан во 1/8-финале го чека дуел против подобриот од натпреварот помеѓу Стивенс и Пери додека Селби на хартија ќе има малку полесна задача бидејќи го очекува подобриот помеѓу Жанг и Мичел.