Селекторот на Португалија: Судијата се извини за пеналот, но што да правам јас со тоа? (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалија синоќа беше оштетена во Лисабон против Србија (1-1), откако Рукавина играше со рака во казнениот простор на својата репрезентација.

При резултат од 1-1 во второто полувреме, кога очигледно Рукавина играше со рака во казнениот простор, полскиот судија Симон Марчињак покажа пенал, но потоа ја смени одлуката по консултација со помошникот.

„Ме повика заедно да ја анализираме ситуацијата, видовме дека без сомнеж е пенал. Ми се извини, но тоа не ни помага. Што да правам јас со неговиот изговор? Мислам дека за оваа грешка е виновен неговиот помошник. Ова е едноставно грешка, оштеени сме. Треба да има ВАР-систем на сите стадиони“, објаснува селекторот на Португалија, Фернандо Сантош.