Селектор на Албанија поднесе тужба до поранешен претседател на државата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кристијан Панучи, селекторот на Албанија, поднесе тужба против поранешниот албански претседател поради тоа што го навредил по поразот во пријателскиот дуел со Косово.

Портпаролот на Фудбалскиот сојуз на Албанија, кажа дека италијанскиот тренер поднел тужба до судот во Тирана и бара 100.000 евра поради нарушување на неговиот имиџ.

Поранешниот претседател на Албанија на 29. мај го навредил италијанскиот тренер преку својот Фејбсук, а ова нема да му го прости Панучи.