Селтик веднаш ја донесе замената за Роџерс


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од таборот на Селтик неполн пола час по официјалното заминување на Брендан Роџерс го потврдија Нил Ленон како негов наследник.

Ленон се враќа во таборот на Селтик каде со успех работеше од 2010 до 2014 година пред да се пресели во редовите на Болтон.

Помошник на Ленон во Селтик ќе му биде легендарниот поранешен фудбалер на Челси, Демијен Даф.

„Многу сум возбуден што ќе го водам Селтик повторно. Ова е клуб кој има голем дел во мојот живот и чест ми е што ме побараа да се вратам“- коментираше Ленон.

47 годишниот стратег пред само еден месец заработи отказ од клупата на шкотскиот тим Хиберниан.