Сензационален дуел во Лас Вегас: Вард го „скрши“ Ковалев


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Андре Вард ја освои шампионската титула во полутешка категорија во верзиите ВБА, ИБФ и ВБО.

    Тој вчера во Лас Вегас во боксерската борба на годината го победи Русинот, Сергеј Ковалев со едногласна одлука на судијата, три пати по 114:113.

    Фантастична борба имаше помеѓу 2-та непоразени борци. На крајот судиите одлучија едногласно да го прогласат Вард за победник. Така Вард стигна до 31-та победа во кариерата додека Ковалев во 32 борби има 31 победа и 1 пораз.

    Најавен е и реванш, кој би можел да се случи за неколку месеци.