Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нилс Хинтерман го приреди најголемото овосезонско изненадување во светскиот куп.
Овој 21-годишен швајцарски скијач славеше во комбинациите во Венген така што ја запиша првата победа во кариерата.
Тој славеше со време 2:26:58, а зад него останаа французинот Музатон (26 стотинки) и австриецот Бертолд(35 стотинки).
Временските услови не беа добри на скијачите кои беа подобри во слаломот.
Ова беше последна трка во комбинаци во светкиот куп, а освојувачот на малиот кристален глобус во оваа дисциплина е францускиот скијач, Алексис Пантуро со освоени 111 бода. На второто место заврши денешниот победник Нилс Хинтерман(100), а трет норвежанецот Александер Амодт Килде(92).
Во генералниот пласман уште води Марсел Хиршер со 893 бода, а на второто и третото место се наоѓаат Алексис Пантуро(695) и норвежанецот Хенрик Кристоферсен(592).