Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првото коло на Австралија Опен во женска конкуренција ни донесе неколку големи изненадувања, а сигурно најголема сензација беше што Викторија Азаренка си оди доа веќе по првото коло.
Азаренка е во голем пад на формата, а тоа се потврди и на првиот Гренд Слем турнир во новата сезона.
Тенисерката од Белорусија беше поразена од Лоре Сиегмунд која е 110. тенисерка во светот.
Сиегмунд славеше со 2-1 во сетови и така приреди најголема сензација во првото коло.
Првиот сет и припадна на Азаренка после тај-брејк со 7-6, но во продолжение германската тенисерка одигра одличен меч. Изедначи на 1-1 со 6:4 во гемови, а третиот сет го доби со 6:2.
Пласман во второто коло оствари и Серена Вилијамс, која традиционално е една од најголемите фаворитки во Мелбурн.
Американската тенисерка лесно се пресмета со Татјана Марија и работата ја заврши за 50 минути. Првиот сет го доби со 6-0, а вториот со 6-2.