Сери возбуден поради интересот на Јунајтед


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Играчот од средниот ред на Ница, Жан Мишел Сери истакна дека е возбуден од можноста да се приклучи на Манчестер Јунајтед по крајот на оваа сезона.

Интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска кој беше пред трансфер во Барселона минатото лето сега е посакуван од Жозе Мурињо, и се верува дека „црвените ѓаволи“ ќе притиснат за да ги обезбедат неговите услуги.

Договорот на 26 годишниот фудбалер со Ница му истекува во 2019 година, а тој би ги чинел клубовите околу 40 милиони евра.

Арсенал и Баерн Минхен исто така ја надгледуваат ситуацијата околу одличниот играч од средниот ред.