„Сеуште не го гледам крајот, оваа дрога е невозможно да се остави!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мирко Филиповиќ отпатува во Јапонија каде што треба да се бори против Мухамед Лавал. Кро Коп не знае и не планира ништо во иднина.

„Не дај боже да ми е последно заминување во Јапонија, сигурен сум дека не е. Ќе отидам уште многу пати, сопругата и децата никогаш не ми биле во Јапонија. Филип има само 6 години, Иван сега ќе наполни 13 и со него наредната година планирам да отидам барем како гостин.“

„До крајот на животот ќе бидам во Јапонија. Договорив настап на турнирот, во пакет со оној во деветиот месец. Не знам, нема повеќе да брзам, се зависи од резултатите. Можам да се повредам, тоа е факт.“

Мирко одамна се бори, но не чувствува никакви последици.

„Се чувствувам совршено, во одлична кондиција, одработив одличен спаринг, добар камп. И денес трчам како порано, како пред 10 години, заздравувам како порано, пулсон по тренингот и напорот брзо ми паѓа. Навистина е супер во секој поглед, ме мачат само механички повреди.“

Под „механички“ кои страдаат со тек на време, Мирко мисли на коленото.

„Опериран сум неколку пати, сите лигаменти се скинати, `рскавицата е како менискус. Коленото ми се полни со вода. Тешко ми е кога долго време седам, не боли при удари. Кога удирам и кога ме удираат се е во ред, тука е адреналинот, не чувствувам болка.“

Мирко е уверен дека ќе го победи Лавал.

„Поопасен е од Силва, минатата година го освои `Ризин`. Ќе биде тешко, во одлична форма е бидејќи пред некој ден победи во борба во `Белатор`. Добро испадна по откажувањето на Силва. Без размислувања прифатив замена, на некој начин го спасив турнирот.“

А што е со Вандерлеи Силва кој „побегна“ во последни моменти.

„Што да кажам, тој очигледно не мисли да се бори бидејќи договори гостување во Италија, малку излезе несериозен. Нема врска, цел турнир е силен, штета поради скршеното стапало испадна Прохаска, влезе Косак, не е некој најдобар борец. Најслаб е од сите, но не е лесно да победите некој од 180 кг.“

Иако не размислува подалеку од овој настап, Мирко сепак гледа во иднината.

„Порано или подоцна ќе одам на последна операција на коленото, по што нема да можам да се натпреварувам. Ќе морам да ставам нова `рскавица за подобар квалитет на живот. Во овие години тоа е голема пауза. Можеби тоа ќе ми биде последен настап, а можеби и не.“

Многумина не знаат, но Мирко е тип кој се занимава со повеќе спортови.

„Сакам фудбал, како и сите деца почнав да играм за Младост Привлак, играм пинг понг за загревање, но само како соло игра.“

Никој не го тера во пензија, но Мирко се потсети на неколку убави и тажни моменти.

„Најтешко беше тоа со допинг, лошо е кога ќе ве стават во таков контекст, а вие сте чист. Но, среќа што останав чист. Секој пораз ми е тежок, но и секоја победа ми е мила и голема.“

Кро Коп верува дека еден ден ќе има достојни наследници.

„Има добри борци, Дарко Стошиќ и Анте Делија се големи таленти. Имаат добар потенцијал, но талентот не значи ништо.“