Се вклучи алармот во Минхен: Баерн во најлоша низа од 2004 дочекува ново дерби


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Тренерот на Баерн, Карло Анчелоти тврди дека ароганцијата не била причина за изненадувачкиот пораз во Ростов од 2:3.

    По поразот во саботата од Дортмунд со 0:1 и препуштање на врвот на Лајпциг, Баерн го изгуби и првото место во ЛШ, па во 1/8-финале ќе започне од втора позиција.

    „Не го потценивме Ростов. Не игравме добро, тоа е причина за поразот. По полувремето направивме премногу грешки.. Многу ни е тешко во моментов.“

    Капитенот Филип Лам се сложи дека причина за поразот се грешките.

    „Сакавме да победиме, но моментално сме премногу опуштени. Мораме да се ослободиме од тоа пред дербито со Баер.“

    Тоа е прв пат од 2004 година Баерн да изгуби 2 натпревари по ред во есенскиот дел од сезоната.