Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Продолжува агонијата на Манчестер Јунајтед откако тимот денеска беше поразен од неубедливиот Вест Хем со 3:1.
„Чеканите“ се еден од тимовите кој најмногу разочара на стартот на сезоната во Премиер лигата, но тоа не им претставуваше проблем и како од шала успеаја да го совладаат Манчестер Јунајтед кој влегува во длабока криза.
Уште во петтата минута Фелипе Андерсон го отвори резултатот за 1:0. Пред самиот крај на полувремето Јармоленко шутираше, топката се одби од Линделоф и го изненади Де Геа за 2:0.
Надеж за „ѓаволите“ донесе Рашфорд кој на фантастичен начин погоди за 2:1 во 71. минута, но по само три минути Арнаутовиќ погоди за 3:1.