Се е подготвено за традиционалното и најборбено лондонско дерби (СОСТАВИ)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За кратко на програмата ќе стартува дуелот помеѓу двата најголеми лондонски ривали во рамки на Премиер лигата, помеѓу Вест Хем и Арсенал.

Вест Хем и Арсенал се стари ривали, и традиционално во овие дуели следиме одлични натпревари. Се надеваме дека и денес ќе биде исто, со оглед на тоа дека се е подготвено за пресметка на градските ривали.

Арсенал сигурно цели кон триумф за да остане во трката за Лигата на шампионите, додека Вест Хем со победа сигурно ќе напредува на табелата. Сигурно е дека не очекува борбен натпревар и се надеваме со доста погодоци исто така.

До стартот остана уште некоја минута, а тренерите на обата тима ги соопштија составите.

Вест Хем: Фабиански, Забалета, Огбона, Диоп, Кресвел, Рајс, Нобл, Насри, Антонио, Андерсон, Арнаутовиќ.

Арсенал: Лено, Сократис, Кошчелни, Мустафи, Маитланд-Најлс, Џака, Гендузи, Колашинац, Ивоби, Обамејанг и Лаказет.