Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ е блиску до враќање во Европа, откако во претходните денови се шпекулираше дека за него се заинтересирани Реал Мадрид и Милан.
Наводно, тој разговарал со сопругата Хелена, која се согласила да се вратат во Европа, а нејзината желба е да се врати во Милано.
Пред неколку месеци се појави приказната дека Леонардо и Ибрахимовиќ разговарале неколку пати, а потоа го оставиле случајот кај мино Рајола.
Ибрахимовиќ нема да игра во плејофот бидејќи Лос Анџелес галакси не обезбеди пласман, па смета дека може да се пресели на „Сан Сиро“ и таму да одигра уште една ипол сезона, па потоа да се пензионира.
Исто така, Ибра ќе се согласел на плата од четири милиони евра по сезона, а тоа е сума која може да си ја дозволи екипата од Милано.