„Се надевам дека Бог на никој нема да му даде таков син“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Легендата на турската кошарка Хедо Туркоглу даде интересна изјава за центарот на Оклахома, Енес Кантер.

    Тој веќе со години не сака да игра за Турција, поради фактот дека не ја поддржува актуелната влада, туку го сака лидерот на движењето ФЕТО, Гулен.

    Туркоглу се „истури“ на Кантер, па му кажа дека е предавник, но и многу повеќе.

    „Пред две години реков дека тој нема мозок и тој го докажа тоа. Сега е предавник и се надевам дека Бог на никој нема да му даде таков син.“

    Последниот настап за Турција, Кантер го имаше во 2013 година по што изјави дека нема да игра додека на власт е Реџеп Таип Ердоган.