„Се надевам некој ќе го купи бидејќи залудно трошиме пари за неговата плата“

Аднан Јанузај во 2011 беше најголемиот талент, дојде во Манчестер доби шанса кај Мојс но сега го нема никаде.

Со 21 година тој игра на позајмици насекаде, и е со километри далеку од дресот со број 11 кој го наследи од Гигс, но и го изгуби.

Моментално е во Сандарлен, а за 6 месеци ќе се врати во Јунајтед, но таму нема место за него, во Манчестер им е јасно дека направија грешка кога не го продадоа за 15 милиони фунти ова лето.

„Сега сме спремни да го пуштиме и за помалку од 10 милиони фунти. Тој и понатаму прима 50.000 фунти плата од Јунајтед и тоа се залудно фрлени пари. Се надеваме ќе има заинтересирани“ – изјави Мурињо