Се огласи агентот на Мурињо по најавите дека е можно Португалецот да си замине од „Олд Трафорд“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жорге Мендеш, Агентот на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо со соопштение се огласи до јавноста по најавите дека неговиот клиент е пред заминување од „Театарот на соништата“.

Во јавноста излегоа шпекулации дека Мурињо ќе биде отпуштен, а на негово место ќе дојде Маурисио Покетино, но сето тоа беше демантирано во соопштението на Мендеш.

„Имаше шпекулации дека Жозе Мурињо ќе си замине од Манчестер Јунајтед. Тоа е апсолутна невистина. Жозе е многу среќен во клубот, а и од клубот се многу среќни со Жозе. Тој има долгогодишен договор со Манчестер Јунајтед и е целосно посветен на клубот во намерата да изгради победнички проект“ –изјави Жорге Мендеш