Се огласи бесниот Мурињо: Немам ништо луѓе со соопштението на Мендеш…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жозе Мурињо без пардон се огради од соопштението кое го издаде неговиот агент, Хорхе Мендеш.

Со оглед на тоа дека Манчестер Јунајтед и трета сезона под водство на Мурињо е под очекувањата, се повеќе се зборува дека португалскиот стратег наскоро би можел да стане бивши, но така не смета Мендеш.

Во јавноста Мендеш објави изјави според која гласините за заминување на Мурињо „не се вистинити“ и во која се објаснува дека Португалецот во „потполност е посветен“ на својата работа, и дека не се грижи за наводниот интерес на Реал. Сепак, Мурињо од неговите зборови се огради.

„Меднеш тоа го кажал? Немам ништо со тоа соопштение. Тоа се негови зборови, не мои“, истакна Мурињо и додаде дека не знаел дека Мендеш ќе објави соопштение.

Манчестер Јунајтед во Премиер лигата се наоѓа на шестата позиција.