Се огласи Капело: Роналдо можеби е еден од најдобрите, но никогаш нема да биде во ТОП 3 генијалци…


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Италијанскиот фудбалски тренер, Фабио Капело истакна дека играчот на Јувентус, Кристијано Роналдо е „исклучителен и шампион“, но дека не е еден од „тројцата фудбалски генијалци“.

Роналдо со три погодоци во вторникот го однесе Јуветнус во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Јувентус славеше против Атлетико со 3:0 и ја дополни разликата од два погодоци од првиот меч од осминафиналето во Мадрид.

Некогашниот селектор на Италија и Англија и бивши тренер на Реал Мадрид, истакна дека Роналдо не е како Лео Меси, Диего Марадона и Пеле.

„Роналдо е исклучителен фудбалер, но Меси е гениј. Во историјата на фудбалот постојат само тројца гении со топката: Пеле, Марадона и Меси. Точка. Роналдо е силен и со него можете да ги освоите сите трофеи, но Меси е гениј и нешто сосема поинакво“, истакна Капело за Скај Италија.

Тој истакна дека бил воодушевен кога го гледал Меси како игра, уште откако Аргентинецот бил во младите категории.

„Прави исти работи како и денес, само тогаш беше 20 години помлад, бидејќи е роден како гениј. Измисли работи кои другите не ги гледаат. Роналдо од себе направи шампион, но не и гениј“, истакна Капело.

„Секако, тоа е само мое мислење. Марадона и Меси не само што можеа да смислат брилијантни работи, туку и да ги спроведат на дело. Заедно со Пеле, тие беа, но и натаму се импресивни, единствени фудбалери“, додаде Капело.