Се огласи Мартинез: Нема да трошиме време со Реал?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Роберто Мартинез, вели дека не сака да губи време околку приказните за преземањето на Реал Мадрид.

Некогашниот менаџер на Виган и Евертон се споменува како главен кандидат за клупата на европскиот шампион, по отказот на Џулен Лопетеги. поради очајниот старт на сезоната, но Мартинез остана „закопчан“.

„Нема да трошиме време за тоа“, беше одговорот на Мартинез за балегиските медиуми на прашањето колкави се шансите да замине во Реал.

На Мартинез договорот со Белгијците му истекува 2020. година, а од тамошниот Сојуз порачаа дека Реал мора прво со нив да зборува и да плати компензација.

Реал, додека не доведе тајно решение, од клупата ќе биде предводен од некогашниот фудбалер на тој клуб, Сантијаго Солари.