Се огласи Мурињо и кажа што мисли за Кепа…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Финалето од Карбао Купот помеѓу Манчестер Сити и Челси кое вчера се одигра го одбележа несекојдневна ситуација.

Откако во регуларниот дел и продолженијата беше 0:0 обата тима веќе се подготвија за пенали, а тренерот на Челси, Маурисио Сари сакаше да изврши замена за голманот и наместо Кепа да го внесе во игра Кабалјеро.

Меѓутоа, младиот голман на Челси одби да излезе од игра по што Маурисио Сари полуде. Многу прашина се подигна околу тоа случување, па многу бивши играчи и тренери во Англија го коментираа истото.

Така свој коментар на целата ситуација имаше и бившиот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.

„Мислам дека во една рака Кепа сакаше да ја покаже својата самодоверба и сакаше да каже „јас сум тука да ги баран пеналите и сигурен сум дека ќе бидам успешен во тоа“, а тоа е нешто што мене ми се допаѓа“, истакна Мурињо.

„Но, повторно не ми се допаѓа тоа што го доведе тренерот во непријатна ситуација, како и еден од своите соиграчи кој беше подготвен да влезе“, додаде Мурињо.

„На крајот видовме како Кабалјеро беше фатен во непријатна ситуација во која не планираше да учествува“, заклучи бившиот тренер на Манчестер Јунајтед.