Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Никако да стивнат трансфер шпекулациите кои го поврзуваат Давид Де Геа со трансфер надвор од „Олд Трафорд“.
Три години константно се пишуваше дека Реал Мадрид е заинтересиран за шпанскиот голман, а кога излегоа вести дека „Кралевите“ дефинитивно се откажале од намерите за ангажман на Де Геа се чинеше дека стивнаа стравувањата на фановите на Манчестер Јунајтед дека нивниот миленик ќе го напушти клубот.
Сепак сега, како што јавува „Ле10Спорт“ за шпанскиот репрезентативен чувар на мрежата сериозно е заинтересиран тимот на ПСЖ кој е подготвен да плати дури 100 милиони евра за услугите на голманот на Манчестер Јунајтед.
Втора опција за парижаните доколку не успеат да го донесат Де Геа ќе биде голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак.