Се пензионираше големиот Владимир Кличко


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Владимир Кличко на општо изненадување на сите се повлече од професионалното боксување.

41 годишниот Украинец зад себе има богата и плодна кариера во боксот, но на неговиот последен меч забележа пораз од моменталниот шампион, Ентони Џошуа.

На големо се шпекулираше дека Кличко бара реванш и истиот ќе се случи во скоро време, но сепак Украинецот се реши да ги закачи ракавиците на клин и да нема нов двобој со Џошуа.

„Постигнав се што посакував и сонував, а сега е време да започнам со втората кариера по спортската“- кратко коментираше Кличко.