Се повторува случајот со Озил, во Арсенал доаѓа уште една звезда од Реал?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се сеќавате ли кога Арсен Венгер го одврза ќесето и го доведе Месут Озил.

Можно е повторно да игра на ист начин, и тоа повторно со Реал Мадрид но овој пат со напаѓачот Алваро Мората.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Мората на лето сака да ја промени средината, а Арсенал трага по напаѓач од светска класа со кој конечно би дошле до долго очекуваната титула.

Наводно, и Перез е подготвен да го продаде но не за помалку од 51 милиони фунти.

Арсенал секако ќе мора да доведе напаѓач, посебно доколку се случи Алексис Санчез да го напушти тимот на Арсенал.