Се подготвува ли враќање на Островот за посакуваниот „Дијамант“?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Со оглед на тоа дека во март 2019. година, ќе наполни 33 години, босанскиот напаѓач и натаму игра на завидно ниво и не изнадуваат оттаму гласините за интересот на бројни клубови за неговите услуги, а во тој контекст особено се пласираат информации за негово враќање на Островот.

За Џеко, како што се наведува е заинтересиран премиерлигашот Вулверхмпетон чии челници го следеа на неодамнешниот меч помеѓу Шпанија и БиХ , а дека доведувањто на Џеко во клубот би било лек за лошата ефикасност е мислење и на навивачите на овој клуб.

Тие на социјалните мрежу упатија јасна порака до челниците на клубот дека би сакале Џеко да дојде во јануарскиот преоден рок, меѓутоа треба да се биде реален и да се знае дека тешко тој ќе ја напушти „Римската волчица“. Сепак, никогаш не треба да се отпишуваат шпекулациите, посебно по неодамнешната изјава на Џеко во која не исклучи еден ден да се врати во Премиер лигата.

Џеко изминатата зима навистина беше блиску до враќање во Премиер лигата, но неговиот трансфер во Челси пропадна во последен момент.

Вреди да се потсети дека Џеко со договор за Рома е врзан до 30, јуни 2020. година и сигурно дека римскиот клуб нема да го пушти лесно…