Се поизвесно е: Младиот Французин ги пакува куферите за „Енфилд“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Адриен Рабио се уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата.

Јасно е дека нема во ПСЖ, таму веќе е отпишан, го чека истекот на договорот, за да ја промени средината.

Се очекуваше да потпише за Барселона, но настанаа проблеми, најпрво Французинот бараше премногу пари, потоа Барселона успеа да се договори со Ајакс околу Френки де Јонг, па младиот Холанѓанец ќе го облече дресот на Каталонците од следниот преоден рок.

Тоа значително ги намали шансите на Рабио да потпише за каталонскиот состав, но се уште ништо не е исклучено.

Сепак, сега се поголеми шансите кај другите екипи, па така Ливерпул, кој оддамна е заинтересиран за Французинот и се уште не се откажува ќе повлече чекор.

Англиските медиуми пренесуваат дека „Црвените“ повторно покажале сериозен интерес за Французинот, па се поголеми се шансите за екипата од „Енфилд“ во потерата за неговиот потпис.

Тука се и Тотенхем и Манчестер Сити, како и германскиот великан, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, но кај сите клубови проблемот е ист.

Имено, Рабио има преголеми барања и тоа без сомнеж е најголемата причина поради која неговата судбина се уште не е позната.

Тој бара плата од 10 милиони евра годишно, како и 10 до 15 милиони евра на рака, на име на потпишување на договорот.

Останува да се види што до летото ќе се промени, се зборува дека неговата мајка повеќе не е негов агент, па ангажирањето на професионалец би можел да му ја олесни патеката до новиот клуб, а сосема е сигурно дека би имал сериозни понуди кога би ги намалил барањата.