Се појави снимка која Мурињо веднаш би ја избришал од интернет


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо нема да го памети баш по добро вчерашниот натпревар помеѓу Англија и Шпанија на Вембли во кој Црвената фурија славеше со 3-1.

Менаџерот на Јунајтед по доаѓањето на стадионот знаеше дека ова нема да биде добра ноќ за него. Веднаш тргна на лошо откако харизматичниот тренер се сопна и падна на подот.

Фотографиите од Мурињо кој лежи на подот веќе станаа вирални на интернет, а се појавија и видео снимки.

Падот на Мурињо беше баш спектакуларен, но можеме да кажеме дека сепак добро помина со оглед на тоа како падна.

Лошата ноќ за Мурињо продолжи кога на почетокот од второт полувреме се повреди неговиот бек Лук Шо, кој го чека нова долга пауза.